Министерот Сугарески заедно со министерот Филипче денеска оставрија работна посета на Меѓународниот Аеродром Скопје каде заедно си директорот на ТАВ Македоднија, Алпер Ерсој, извршија увид во спроведување на мерките и протоколите за движење на патниците.
Во прилог интегралната изјава на министерот Сугарески:
"Во согласност со препораките и мислењето на здравствените организации, како и по примерот на другите земји во регионот, Владата донесе одлука да ги отвори аеродромите во земјава.
Од оваа среда, на 1 јули, повторно започнуваат со работа Скопскиот и Охридскиот аеродром, кои беа затворени некаде од средината на март со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.
Како што не информираше директорот на ТАВ, а денеска можевме и сами да забележиме на Меѓународниот аеродром- Скопје, аеродромите се комплетно подготвени да почнат со работа, преземени се сите потребни мерки за безбедност и исполнети се сите неопходни услови за непречено одвивање на авиосообраќајот.
Сакам да истакнам дека единствено со одговорно однесување и почитување на мерките и протоколите од страна на сите нас, ќе можеме повторно да имаме функционален авиосообраќај и граѓаните ќе можат непречено да патуваат без да го загрозат сопственото здравје.
Отворањето на границите и аеродромите и активирањето на сите видови сообраќај е од клучно значење за економијата на нашата земја.
Меѓутоа активирањето на авиосообраќајот во земјава не зависи само од нас
како Влада, туку и од одлуките и политиките на самите авиокомпании.
Затоа, изминативе денови разговарав со претставниците на авиокомпанијата Визер, чиј договор беше прекинат во периодов на вонредни мерки поради Корона кризата, но сега со отворањето на аеродромите, Договорот повторно се активира.
Најавата е дека компанијата ќе започне со работа од 2 јули. Како што сум информирам веќе во меѓународниот систем на летови започнала со продажба на билети.
Но и обврска е на Визер со пуштањето на аеродромите да започне со летовите и линиите предвидени со Договорот.
Развојот на авиосообраќајот отсекогаш бил приоритет на оваа Влада, а тоа го докажавме со рекордниот број на патници и постојаниот нагорен тренд на воведени дестинации и реализирани летови.
Сега, нашата цел не е само да го вратиме авиосообраќајот на нивото на кое беше пред кризата, туку уште повеќе да го развиеме.
Специфичните услови во кои се наоѓаме бараат брзо изнаоѓање на соодветни и креативни решенија, но и повикуваат на одговорност и почитување на мерките од страна на сите нас.
Во таа насока нам како Влада ни останува и понатаму неуморно да работиме со цел да го стимулираме авиосообраќајот, да привлечеме нови авикомпании и да воведеме нови дестинации и летови; а на граѓаните да ги почитуваат протоколите и да се грижат за себе и здравјето на другите"