Ве информираме дека во периодот од 13.10.2019 година (недела) со почеток од 00:00 часот заклучно до 15.10.2019 година (вторник) до 23:59:00 часот ќе се врши годишното аплицирање по електронски пат за распределба на ЕКМТ дозволи за 2020 година и изготвување на Листа на превозници и резервирани поединечни транспортни дозволи за превоз на стоки за 2020 година.
Трговските друштва кои имаат важечки лиценци за меѓународен јавен превоз на стоки (за ЕКМТ дозволи и поединечни транспортни дозволи-резервација) и трговските друштва кои имаат лиценца за превоз на стока за сопствени потреби (за поединечни транспортни дозволи-резервација), аплицирањето можат да го направат на интернет-страницата www.dozvoli-mtc.gov.mk.
Контакт телефон за дополнителни информации: 02/3145-835.