"Безбедни семејни паркинг зони"- посебни паркинг места за трудници и мајки на деца до три години
28.09.2020
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов присуствуваа на затворање на проектот “Безбедни семејни паркинг зони”, во организација на АМСМ.
Проектот „Безбедни семејни паркинг зони“, опфаќа одбележување на паркинг места на локации во општините, чии места се исклучиво наменети за паркирање на трудници и мајки на деца до тригодинашна возраст.
Местата се одбележени на начин и форма утврдени според Правилникот за сообраќајните знаци, опрема и сигнализација на патот.
Министерството за транспорт и врски зема учество во овој проект преку измена на Правилникот.
Во продолжение интегралното обраќање на министерто Бочврски:
"Завршена е одлична работа!
Безбедноста во сообраќајот е нешто на што континуирано мора да работиме сите заеднички, за да ја подигеме сообраќајната култура и свест, особено во услови кога бројот на возила е зголемен неколкукртано.
Овој проект е од осбено значење бидејќи секој еден учесник во сообраќајот подденакво се третира.
Но, на оваа група на сегашни и потенцијални мајки учесници во сообраќајот мора да им се обезбеди поголема сообраќајна безбедност и доволно простор за движење. Така покажуваме дека се грижиме за сите.
Министерството за транспорт и врски како дел од проектот “Безбедни семејни паркин зони" го изработи Правилникот за сообраќајни знаци, опрема и сигнализација на патот. Со Првавиликот предвидоме нов знак во форма и изглед со кој сообраќајно се одбележува предвиденото паркинг место за оваа група возачи.
Ова е многу важно ако се има во предвид дека до сега немаше посебно третирање на оваа група возачи. Сепак, безбедноста во сообраќајот е лична одговорност на секој од нас како поединци и затоа мора да водиме и посебна сметка за сите учесници.
Можеби ова звучи како стереотп со кој решаваме проблем на група возачи, но верувајте ова е еден предизвик на кој треба континуриано да посветуваме внимание ако стремиме кон достигнување на европските вредности.
Верувам дека ова е само почеток, примерот со новите безбедни паркинг зони во Град Скопје ќе го применат и другите општини низ земјава. Ова не е ад хок решение, потребен ни е системски пристап за зголемување на безбедноста и сметам дека сме на добар пат.
Ние како Министерство за транспорт и врски ќе излеземе во пресрет на институциите, на општините и ќе дадеме свој придонес во зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Знам дека ова е тема за која можеме многу да говориме, исто би сакал да најавам дека веќе работиме на проектот за Урбан Мобилити Tранспорт во Скопје, проект преку кој ќе се обезбедува пристапни опции за транспорт за сите граѓани, обезбедување лична безбедност и безбедност во рамките на транспортниот систем и подобрување на целокупниот квалитет на живот на граѓаните.
Дополнително работиме и на проекти за подигнување на безбедност на сообраќајот на Коридор 8 , на Коридор 10 и 10 д. Ова го спомнувам бидејќи безбедноста на сообраќајот, од секој аспект, дали во урбаното живеење или на регионално и државно ниво е многу многу значаен сегмент.
На крај уште еднаш благодарност од Министерството за внатрешни работи, АМСМ и Факултетот за безбедност за соработката во реализација на овој проект".