Бочварски: Изградба и рехабилитација на преку 1500 километри национални и 450 километри локални патишта, на околу 500 километри комунална мрежа, продолжуваме со инвестициите во железницата
17.09.2020
“Инвестициите во инфраструктурата ги реализираме преку изградба и рехабилитација на преку 250 километри автопатска мрежа , изградба на 300 километри експресни патишта, преку 1000 километри рехабилитација на регионални патишта и рехабилитација на околу 450 километри локални патишта. Во соработка со други министерства преку разни програми планираме изградба на нови 500 километри водоводни и канализациони линии. Фокус и понатаму останува изградбата на пругата на Коридор 8, утврдена ни е динамиката на изградба на преку 700 социјални станови”, истакна министерот Благој Бочварски на денешната прес конференција на која ги презентираше целите и задачите содржани во Мандатното писмо.
Довербата што ми ја даде премиерот Зоран Заев носи голема одговорност и отчетност пред граѓаните. Мандатот за Влада 2020-2024-та година е обврзувачки за сите нас и она што е преточено во Владината програма да го реализираме, истакана министерот Бочварски.
Тој потенцираше дека се залага за искористување на сите технички и човечки капацитети да се изгради квалитетна инфраструктура и да се обезбеди високо ниво на реализција на капиталните инвестиции како услов за заздравување на домашната економијата и тоа преку градежниот сектор.
“Од нас се очекува во соработка со сите надлежните институции да продолжиме во спроведувањето на десетгодишната Стратегија за развој на патната инфраструктура, модернизација и безбедност, преку инвестиции од дополнителни две милијарди евра. Притоа, продолжуваме поинтензивно со изградба на автопатот Кичево – Охрид, целосно ќе го реконструираме патниот правец од Струга до граничниот премин Ќафасан, а ќе започнеме со постапка за проширување на автопатот од Тетово до Гостивар.
Истовремено вршиме проектирање за изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево како и со изградба на автопатот Скопје – Блаце. Понатаму, продолжуваме да ги градиме експресните патишта и тоа втората фаза од Штип – Радовиш, втората делница од Штип – Кочани, Ранковце – Крива Паланка и Градско – Прилеп. Започнуваме со изработка на проектна задача за автопат Прилеп-Битола. Во овој мандат ќе работиме на започнуваме со изградба и на нови два експресни патишта Смоквица – Струмица – Ново Село и Битола – граничен премин Меџитлија со обиколница Битола” истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Тој најави рехабилитација на преку 1000 километри магистрална и регионална патна мрежа и инвестиции од 70 милиони евра во санација на локални патишта и улици.
“ Во мандатот се обврзуваме да работиме на подобрување на квалитетот на железничката инфраструктура и да ја доизградиме пругата од Куманово до Бељаковце, да започнеме со втората и третата фаза од железничкото поврзување со Република Бугарија и да ја пуштиме во сообраќај новата пруга од Битола до Кременица. По завршување на КОВИД-19 кризата се обврзуваме со активности за воведување нови дестинации и зголемување на бројот на летови од домашните аеродорми, се обрати министерот Бочварски.
Министерот потенцираше дека денеска е потпишан и Правилникот за урбанистичко планирање каок продолжена алатка на новиот Закон за урбанистичко планирање, со кои ќе се овозможиме вистински развој на урбаните средини преку рационлано и хумано планирање на просторот, каде нема повеќе да се дозволува узурпација на просторот.
Задачите и целите содржани во Мандатното писмо преку кои ќе се реализираат капиталните проекти, министерот најави дека ќе ги оставрува професионлано преку унапредување на политиките на транспарентност и отчетност.