Бочварски: Ја продолжуваме дебата со граѓанскиот сектор за подбрување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти
26.05.2021
Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски ја продолжува отворената консултација за Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти.
Денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средбa со Комората на овластени архитекти и инженери како и со граѓанските здрженија “О2” и “Форнт 21/42”.
На средбата се отворија низа прашања и предлози во насока на подобрување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти.
“Денеска имав плодна дискусија со невладините организациии О2” и “Форнт 21/42” како и Комората на овластени ахритекти. Разговаравме за подобрување на Законот и сметам дека сме во добра насока сите заеднички да креираме законско решение кое ќе понуди фер можности за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти. Сите предлози внимателно ќе ги анализираме и се што е конструктивно решение ќе инкорпорираме во Законот, притоа ќе водиме сметка да го заштитиме јавниот интерес”, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Министерството за транспорт и врски и во следниот период ќе продолжи со јавните консултации во насока на подобрување на Законот.