Бочварски: Проектот за локални патишта во општините ги дава посакуваните резултати, Владата продолжува да биде најголем инвеститор во општините
27.09.2022
Во организација на Министерството за транспорт и врски и Светска банка, денеска се оддржа конференција на која беа презентирани досегашните резултати од реализација на Проектот за локални патишта. Покрај министерот Бочварски, обраќање имаше и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во своите обраќања, тие ја потенцираа огромната важност и поддршка што ја овозможува Владата кон општините во реконструкција на локалната патна мрежа. До сега од вкупно 70 милиони евра обебзбедени за овој проект, алоцирани се 23 милиони евра за реконструкција на преку 90 улици во 44 општини. Во продолжение интегралното обраќање на министерот Бочварски:
" Драго ми е што денеска сме присутни овде во голем број, тоа само ги потврдува добрите политики на Министерството за транспорт и врски, но и потребата од реализација на овој многу значаен капитален проект во сите општини во државата.
Инвестициите во инфраструктурата се од клучно значење за економскиот раст и развој на државата. Посебно ако тие директно се насочени кон општините заради локален економски развој но и поодбрување на урбаното живеење на граѓаните.
Во овој период посетив голем број на општини, остварив средби со градоначалниците, граѓаните и општинската администрација и секаде ги имавме истите предизвици, а тоа е реализација на крупни проекти во општините за подобрување на локалната патна инфраструктура.
Сите се согласуваме со оправданоста и целта на овој проект. Рехабилитацијата на локалната патна мрежа верувам дека ќе се сложите, е прв и основен приоритет за граѓаните, за економијата, но и подобрување на безбедноста во сообраќаајот.
Токму преку овој проект ги нудиме и ги обезбедуваме сите овие приоритети.
Особено сега во време на најголемата светска криза, кога има лимитирачки фактори во градежништвото, го зголемуваме капацитетот на општните и вбризгуваме повеќе финансиски средства во економијата.
И нема да застанеме овде, како поранешен градоначалник ви тврдам дека ова се проекти кои по обем и капацитет општините без поддршка од централната Влада нема да можат да ги реализираат. Но и дополнително, ова е проект кој за прв пат во ваков формат и обем е во реализација.
Да потесетам само дека преку овој проект обебедивме неповратни 70 милиони евра вкупно за сите општини и Градот Скопје преку кој очекуваме да рехабилитираме преку 450 километри локална патна мрежа.
Денеска на оваа конференција ќе го потенцираме значењето на овој проект.
Ќе ги согледаме добрите практики на општините кој веќе ги реализираа средствата што Владата ги алоцираше за изградба или санација на локалните улици за кои аплицирале, но ќе ги потикнеме и оние општини кои се уште се пасивни во обезбедување на потребните проектни документации.
Министерството за транспорт и врски преку Проектната единица во овој период активно работи на реализација на овој проект.
Бројките покажуваат дека до сега преку четири јавни повици опфатени се преку 90 локални улици или патишта во преку 40 општини.
Велам преку 90 улици од кои дел се завршени, на дел активно се работи или се во фаза на тендерирање.
Од вкупната сума до сега алоцирани се 23 милиони евра.
Морам да потенцирам дека сум задоволен од реализацијата на проектот и целиот тим во министерството за транспорт и врски, ги поздравувам општините кои со силна ангажираност и посветеност даваат придонес во реализацијата на проектот.
Она што го бараме од локалните власти е да достават квалитетни и комплетни проектни документации со цел побрзо искористување на обезбедените средства.
Јас секогаш потенцирам дека доколку соработуваме ќе имаме видливи резултати. Добивме нови реконструирани и побезбедни улици, го подобривме кавлитетот на живот на граѓаните и го забрзавме урбаниот развој на општните.
Тоа што сакам да најавам е дека активно работиме на прибирање и обработка на нови проекти и до крај на годината очекувам да објавиме уште неколку јавни повици.
Максимално сме посветени на проект за локалани патишта и уверувам дека се што е во наша надлежност ќе направиме овој проект да го финишираме како успешен за на крај бенефитот да го почуствуваат граѓаните.
Тука се колегите од министерството, отворени сме за соработка, за консултации и за помош и во таа насока ќе продолжиме да го реализираме овој проект.
На крај сакам да се заблагодарам и на претставниците на Светска банка кои ги препознаваат добрите политики на Владата и обезбедуваат континуирана поддршка во реализација на инфраструктурните проекти.
Сигурни сме дека овој проект ќе придонесе за рамномерен регионален развој, економско зајакнување на општините како и намалување на разликите помеѓу планските региони во делот на инфраструктурата", потенцираше министерот Бочварски.