Бочварски-Спасовски: Работиме на зголемување на безбедноста на државните патишта
03.03.2021
Ве информираме, денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, остварија работна средба.
На средбата се разговараше за активностите и инфраструктурани проекти што се од заеднички интерес на двете министерства и кои со заедничка соработка се реализираат.
Двајцата министри потенцираа за зголемување на безбедноста на државните патишта, нагласувајќи дека во изминатиот период активно се работи на мерки за превенција и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Најавија реализација на нов инфраструктурен проект, а тоа е рехабилитација на државниот пат Куманово-Страцин, втора фаза, како дел од Коридор 8. Инвестцијата е вредна 6 милиони евра.