Најпрво би сакал да се заблагодарам на поканата. Чест ми да присуствувам на овој собир во организација на АМЕРИТ, ние со преседателот веќе оставривме средба, денеска сме во поширок состав и верувам дека ќе отвориме теми за кои заеднички сме заинтересирани во насока на подбрување на меѓународниот транспорт.
Ваквите средби се многу значајни за сите нас, имајќи предвид дека Ковид кризата сите не погоди. Свесни сме дека таа ќе продолжи и во наредниот период и затоа сите заеднички мораме да дејствуваме за да ги намалиме негативните последици.
Претходно Министерството за транспорт и врски во услови на вонредната состојба заради ковид кризата, преземаше низа активности за да обезбеди континуитет во транспортот на стока и сите ќе се сложиме дека успешно ги надминавме сите тие предизвици.
Во овој контекст:
Но денеска би сакал да истканам неколку конкретни поенти со кои Владата и министерството за транспорт и врски излегува во пресрет на оваа дејност:
Прво за што сакам да потенцирам е тоа дека во рамките на четвртиот сет на економски мерки, продолжуваме со поддршката за исплата на плати, која важи и за последниот квартал од годината, односно и за месеците октомври, ноември и декември.
Новост во оваа мерка е што поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите.
Колку е поголем падот на приходите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари.
Односно:
Од 30% до 40% намален приход финансиската поддршка ќе изнесува 14.500 денари
Од 40% до 50% намален приход 15.955 денари поддршка
Од 50% до 60% намален приход 17.410 денари поддршка
Од 60% до 70% намален приход 18.865 денари поддршка
Од 70% до 80% намален приход 20.320 денари поддршка
И над 80% намален приход 21.776 денари поддршка
Сметаме дека со ова ќе продолжиме со вистинска поддршка на домашните компании за да може да обезбедиме стабилност на работните места.
Друго што сакам да Ве информирам е дека на предлог на Министерството за транспорт и врски, ќе се изврши пролонгирање на важноста на лиценците за плус една година во зависност од тоа кога им истекува лиценцата што ја добиле.
Тоа значи дека на околу 7000 транспортери ќе им се продолжи лиценцата за работа дополнително за една година без надомест.
Оваа мерка е дел од сетот економски мерки што очекуваме да се изгласаат во Собраните за да можеме да ги намалиме финаниските трошоци во овие тешки услови.
И уште една работа за која што сите ве засега е електронската распределба на траспортните дозволи.
Електронското пријавување за ЦЕМТ дозволите е од 13 до 15 овој месец. Верувам дека сите компании навремено ќе ги достават апликациите и оваа година ќе имаме успешна распределба.
За 2021 година, според квотата на базни дозволи со кои располага Министерството за транспорт и врски обезбедени се 1440 годишни дозволи за возила со Евро 6 стандард и 2280 месечни дозволи за возила со Евро 5 стандард.
На овој начин настојуваме максимално да ги задоволиме потребите на нашите превозници за непречено одвивање на транспортот.
Поаѓајќи од искуството од минатите години, за следната година се фокусиравме на месечните дозволи бидејќи сметаме дека на тој начин ќе има на располагање дозволи во текот на целата година.
Би сакал да ве информирам и дека извршивме измена на Уредбата која го решева моментот на нераспределани годишни дозволи, за која бевте вклучени и вие како Асоцијација и истата е во владина процедура.
Веќе разговаравме да формираме работна група во која заеднички ќе пристапиме кон изменување на законската и подзаконската регулатива во овие области.
На крај сакам да потенцирам, Ние како ресорно министерство а генерално и Владата остануваме целосно транспарентни и отворени за Вас. Во наредниот период ќе работиме заедно и ќе преземаме дополнителни активности за обезбедување на доволен број на дозволи за транспортните операции.
Исто така Ве уверувам дека со транспортната политика што ја спроведуваме гледаме партнерски однос со Вас во создавање на подобри услови за работа и јакнење на траспортната дејност во нашата држава.
Тука со мене се претставници од министертвото за транспорт и ќе одговорат на сите прашања кои ве засегаат во врска со дозволите.
Јас Ви благодарам на вниманието и Ви посакувам успешна работа.