Доделени клучевите на 28 ранливи семејства во социјалната зграда во Виница
21.06.2023
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ги доделија клучевите од социјалните станови на 28 ранливи семејства во Виница.
Во продолжение интегралниот говор на министерот Бочварски:
"Денеска овој ден е среќен за сите. Среќен е за вас бидејќи започнувате ново поглавје во животот, во нов дом каде веруваме дека надежта за поспокоен и подобар живот како наша цел ја исполнивме за вас.
Верувајте дека и ние сме исполнети кога гледаме среќни и задоволни семејства, кога ваквите политики и инвестиции даваат резултат, и искрено драго ми е што токму граѓаните директно ги чувствуваат придобивките и бенефититте.
Овој објект од денеска е дом на 28 ранливи семејства од Виница. Сакам на сите вас да ви посакам во добро здравје да доживеете уште многу вакви среќни моменти во вашите нови домови.
Нашето заедничко присуство со Премиерот силно покажува дека Владата е тука за граѓаните, даваме силна поддршка за проекти кои обезбедуваат подобри услови за живеење на сите граѓани.
И бројките покажуваат дека навистина се движиме во правилната насока, само во изминатите години реализиравме изградба на над 860 социјални станови што е огромен успех во полето на социјално - станбената политика.
Веќе следната недела планираме да ги доделиме клучевите на семејства кои ги исполија условите за добивање стан во социјалната зграда во Свети Николе.
Завршуваме со постапките на распределба во Гевгелија и Демир Капија
Завршивме со изградба на зградите во Неготино и во Велес, а веќе во следна фаза ќе распишеме јавен повик за распределба и на овие згради.
Претходно помогнаме и обезбедивме дом за социјални семејства во Струмица, Македонски брод, во Пробиштип и Гостивар и ова ја покажува поддршката за најранливите категории на граѓани.
Акционероското друштво за станбен и деловен простор заедно со Министерството во континуитет работиме на изградба на зградите во Бутел во Скопје, во Кочани, Дебар а се подготвуваме за изградба и во други општини.
Овие социјални згради се дом на оние на кои најмногу им се потребни. И тоа се децата без родители, лицата со попреченост, граѓани кои користат гарантирана минимална помош, самохрани родители, ранливи семејства припадници на сите заедници во Северна Македонија.
Морам да спомнам дека на распределбата на оваа зграда, впрочем како и секоја друга претходно, се вршеше во една транспрентна постапка на која му претходеше јавен повик за распределба.
Благодарност и до Комисијата составена од претставници од Министерството за транспорт и врски и од Министерството за труд и социјална поликита која во соработка со Центарот за социјални работи успеа на крај постапката да ја доведат до ова што денеска се случува.
И тука сме сите заедно да ги надминуваме предизвиците, заедно да чекориме напред, да градиме рамноправно хумано општество бидејќи тоа е наша обврска.
Овие моменти ни даваат дополнителен стимул и мотивација да продолжиме понатаму, да работиме повеќе, да обезбедуваме подобри услови за живот и просперитет за сите наши граѓани", се обрати министерот Бочварски.