"Најпрво сакам да се заблагодарам на Пратениците што покажаа конструктивност, на претседателката и членовите од Комисијата за транспорт и врски и екологија, што сите заедно покажавме како треба да соработуваме во насока на заштита на државните и интересите на граѓаните.
Законот за урбанистичко планирање е дел од реформските закони што ги започнавме во делот на земјишната политика, а со кои имаме цел да го унапредиме планирањето на просторот и да го поттикнеме градежништвото.
Донесовме нов современ, стручен и европски закон со кој овозможуваме просторен и економски развој на државата.
Новиот Закон за урбанистичко планирање нуди полесни решенија во делот на изработка на урбанистичките планови и со него конечено ќе ги надминеме коруптивните влијанија што ги имаше претходно во оваа дејност.
Притоа воспоставуваме нови правила на вклученост, транспарентност, стручност и отчетност на сите чинители во процесот на изработување, донесување, спроведување и надзор над урбанистичките планови, што за прв пат се јавува во оваа дејност и е единствена прифатлива опција за решавање на состојбите во урбанизмот.
Донесениот Закон се заснова на начелата на уставност, законитост, транспарентност и ефикасност.
Во тој контект, во него се содржани основните цели и начела кои се применуваат при урбанистичкото планирање и уредување на просторот, и тоа:
Во продолжение сакам да прецизирам дел од основните решенија на овој Закон.
Со овој Закон излегуваме во пресрет на Општините и ги поедноставуваме постапките за донесување на плановите особено за Урбанистичките планови за села.
Постапките ги правиме потранспарентни за граѓаните, со тоа што уште на почеток од постапката за донесување на било кој план, надлежниот орган јавно ја истакнува планската програма на веб страната од општината.
Заради обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност при урбанистичкото планирање уредуваме јавната анкета да трае најмалку 30 дена до најмногу 90 дена.
Понатаму, органот што го носи планот задолжително формира тело во кое ќе ги вклучи сите заинтересирани страни и интересни групи од локалната заедница, истото има право да расправа и може да влијае на планските решенија и политиките на просторен развој во општината.
Исто така во делот на скратување на постапките по прв пат дефирнираме рокови во постапката за донесување на план и тоа:
Во случај на непочитување на овие рокови од неоправдани причини имаме уредено прекршочни одредби.
За прв пат со новиот Закон предвидуваме и:
Крајната цел на урбанистичкото планирање е уредување и хуманизација на просторот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и социјалната, економската и еколошката одржливост на човечките населби. Според тие начела е искреиран и донесен овој Закон за урбанистичко планирање.
Друга работа што сакам да ја потенцирам е следново. Низ овој период често слушавме како Министерствоото и јас како Министер сме доцнеле со носење на законот, сме го кочеле процесот и така натаму.
ТОА НЕ Е ТОЧНО.
Повеќе од година и половина се креираше овој закон. Сакавме да воспоставиме една пракса во носење на вакви курцијални закони.
По секој цена не сакавме да креираме и донесеме Закон кој ќе беше штетен како и претходните. Затоа година и половина, целата стручна јавност, граѓаните преку граѓанските организации, образовните институции и сите други чинители вклучени во оваа проблематика учествуваа во креирање на овој нов Закон.
Во Собранието на мое барање одржавме и Јавна расправа пред донесување на Законот, се формираше и посебна работна група на која се усогласуваа сите амандмани што беа поднесени за подобрување на текстот од овој Закон.
За на крај сите заеднички да креираме едно законско решение кое ќе биде во функција на заштита на државните интереси, заштита на граѓанските интереси и животната средина.
Реформата во земјишната политика не застанува тука, активно работиме на изготвување и на нов Закон за Градење и уверувам дека во иста таква постапка и овој Закон ќе биде донесен", изјави министерот Горан Сугарески.