До превозниците кои користат ЕКМТ дозволи во 2023 година
Информација за примена на точка 6.1 од ЕКМТ упатство за ЕКМТ дозволи кои важат за 2023 година
Почитувани превозници,
Министерството за транспорт и врски Ве информира дека согласно точка 6.1 од EКMT упатството, на ЕКМТ дозволите покрај називот на превозникот треба да биде внесена и целосна адреса на седиштето на трговското друштво.
Со цел усогласување со ЕКМТ упатството сите превозници на веќе издадените ЕКМТ дозволи, на кои со пенкало е напишан називот на превозникот и градот каде што е регистрирано вашето седиште потребно е да го ставите латиничниот печат доколку истиот ја содржи целосната адреса на седиштето на трговското друштво.
Превозниците кои не поседуваат ваков латиничен печат, се задолжуваат да изработат латиничен печат кој ќе ја содржи целосната адреса на трговското друштво и читливо да го постави на дозволата.