ИЗГРАДБАТА НА УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ КАМПУС НА УМТ ЕДЕН ЧЕКОР НАПРЕД
03.09.2021
ИЗГРАДБАТА НА УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ КАМПУС НА УМТ ЕДЕН ЧЕКОР НАПРЕД
Скопје, 03.09.2021 Почетокот на процедурите за реализација на Универзитетскиот кампус НА умт беше главната тема на состанокот на ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Проф. Д-р Азис Положани со заменик-министерот за транспорт и врски г -дин Беким Реџепи.
На работната средба што се одржа во ректоратот на УМТ, заменик-министерот Реџепи му го потврди на ректорот Положани, одобрувањето на Согласноста од страна на Министерството за транспорт и врски, што отвора пат за реализација на универзитетскиот кампус на УМТ.
Оваа согласност е долгоочекувана вест за студентите и професорите на УМТ, бидејќи, веднаш по нејзиното одобрување од општините Чаир и Карпош, започнува процедурата предвидена за конкретна реализација на универзитетскиот кампус.
Универзитетот Мајка Тереза во Скопје, рече ректорот Положани се заблагодарува на Министерството за транспорт и врски, и особено на заменик-министерот Беким Реџепи за неговиот секојдневен придонес за добивање на оваа согласност.
УМТ и се заблагодарува на Агенцијата за просторно планирање, на секторите за урбанизам во општините Чаир и Карпош, со кои Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје оствари плодна соработка во заокружувањето на документацијата за соодветното регулирање на просторот и Деталниот урбанистички план на парцелата од 50.000 метри квадратни посветени на Универзитетскиот кампус.