ИЗВЕШТАЈ за работа на инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба за период јануари-март 2019 година
08.04.2019
Согласно член 299-г од Законот за внатрешната пловидба, за извршениот инспекциски надзор и преземените мерки, инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба, изготвува три месечен извештај.
При изготвувањето на три месечниот извештај за работата на инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба за период јануари-март 2019 година, се имаше предвид надлежноста и организацијата на работата на инспекторите за безбедност во внатрешната пловидба, согласно со Законот за внатрешната пловидба, Законот за инспекциски надзор (“Службен весник на РМ” бр. 50/10, 162/10, 157/11, 147/13, 41/14, 33/15,193/15,и 31/16), Правилникот за техничките правила за утврдување способност за пловидба на чамец и баждарење,начинот на водење на регистарот на чамци, образецот и содржината на пловидбената дозвола и регистарска ознака (“Службен весник на РМ” бр. 177/2013), Правилник за начинот на стекнување звање управувач на чамец, планот и програмата за полагање испит за стекнување звање управувач на чамец и образецот на уверението за стекнатото звање (“Службен весник на РМ” бр. 130/2008), Правилник за бројот и составот на членовите на екипаж на брод според видот и карактеристиките на бродот, намената, видот и подрачјето на пловидба (“Службен весник на РМ” бр. 96/2009), Правилникот за формата и содржината на бродските исправи и книги на бродовите во внатрешната пловидба (“Службен весник на РМ” бр. 47/2008), Правилник за формата и содржината на бродската книшка и дозволата за качување на брод (“Службен весник на РМ” бр. 47/2008), Правилник за видот и обележувањето на капалиштето (“Службен весник на РМ” бр. 156/2007) и Програмата за работа на инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба за 2018 година.
Инспекциски надзор
Согласно Законот за внатрешната пловидба, во извештајниот период, е вршен надзор над:
- способноста за пловидба на пловните објекти,
бројот, составот и стручната оспособеност на екипажот,
превозот на патници во поглед на заштитата на животите на луѓето и имотот,
заштита од загадување од пловните објекти.
Во прилог на извештајот е даден табеларен приказ на извршените надзори во извештај ниот период
Соработка со други државни органи
Со оглед на временскиот период на предметниот извештај има намалени активности согласно Законот за внатрешна пловидба, не се јавила потреба од соработка со други институции и државни органи.
Сублимирани информации од инспекцискиот надзор
Во извештајниот период напаравени се вкупно дванаесет (11) надзори и тоа осум редовни и три вонредени и тоа:
Три надзори на поголеми чамци со надградба (бротчиња),
Пет надзори на катамарани и
Три надзори на пловни објекти-пасари каде се и констатитани се прекршоц