Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи оствари работна средба со директорот на НУ Албански Театар – Скопје, Адем Карага.
На средбата заменик министерот Реџепи му го предаде одобрението за употреба за новиот објект. Со тоа објектот на Албанскиот театар се става во употреба и може да се користи за предвидената намена.
„ Особено ми е драго што со самото мое доаѓање на функцијата заменик министер и официјално го ставивме во употреба објектот на Албанскиот театар. Верувам дека со ова придонесуваме за развој на културната дејност и ќе продолжиме како институции заеднички да работиме за да ги подобриме условите за работа на културните работници“,изјави Беким Реџепи, заменик министер за транспорт и врски.
Директорот Адем Карага изрази голема благодарност до министерството за транспорт и врски за издадената дозвола.