Ве известуваме дека согласно последниот Јавен повик за избор на правно лице кое ќе врши изработување на АДР сертификати за стручна оспособеност на возачите на моторните возила за превоз на опасни материи бр. 10-393/1 од 17.01.2023 година, како најдобра понуда е избрана понудата на „Виста Груп“ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 62/2023.
Согласно доставената понуда, новата цена за издавање на АДР сертификатите за стручна оспособеност на возачите изнесува 2.850,00 МКД со вклучен ДДВ.
Уплатата на горенаведениот износ крајниот корисник т.е. барателот на АДР сертификатот треба да ја врши на трансакциска сметка на „Виста Груп“ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје - АДР со број: 500000001397215, депонент: Стопанска Банка АД Битола, со цел на дознака: Уплата за изработка на АДР сертификат.