Јавен оглас за распределба на социјални станови во Пробиштип
15.08.2022
Врз основа на Одлуката за распределба на социјални станови, како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.37/22 и 38/22), Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија
ОБЈАВУВА ОГЛАС
за распределување на 48 социјални станови во општина Пробиштип во станбенa зградa на улицa „Христијан Тодоровски Карпош“ бр.1 во Пробиштип изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија во општина Пробиштип, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија.