Јавен оглас за распределба на социјална зграда во Свети Николе
25.10.2022
Врз основа на Одлуката за распределба на социјални станови, како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.37/22 и 38/22), Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија
ОБЈАВУВА ОГЛАС
за распределување на 48 социјални станови во општина Свети Николе во станбенa зградa на улицa „Питу Гули“ бр.158 во Свети Николе изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија во општина Свети Николе, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија