Јавен повик за електронска распределба Свети Николе за 21 декември 2022 - за прелиминарна листа
19.12.2022
Ј А В Е Н П О В И К
Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за распределување на 48 социјални станови во општина Свети Николе во станбенaта зградa на улицa „Питу Гули“ бр.158 во Свети Николе изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија, објавен од страна на Министерството за транспорт и врски во дневните печати Слободен Печат и Вечер, дека на 21.12.2022 година (среда) во10:00 часот во Домот на култура во Свети Николе, ќе се изврши јавна електронска распределба на социјалните станови.