Јавен повик за прелиминарна распределба на социјални станови во Пробиштип
04.10.2022
Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за распределување на 48 социјални станови во општина Пробиштип во станбенaта зградa на улицa „Христијан Тодоровски Карпош“ бр.1 во Пробиштип изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија, објавен од страна на Министерството за транспорт и врски во дневните печати Слободен Печат и Вечер, дека на 05.10.2022 година (среда) во10.00 часот во Домот на култура „Злетовски рудар“ во Пробиштип, ќе се изврши јавна електронска распределба на социјалните станови.