Министерот Бочварски и Државниот секретар Трајчулески остварија средба со амбасадорот на Шпанија
16.09.2020
Ве информираме дека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и Дрќавниот секретар Митко Трајчулески, остварија работна средба со амбасадорот на Шпанија во Република Северна Македонија, Емилио Лоренцо Сера.
На средбата министерот Бочварски го информираше Амбасадорот за капиталните проекти што се дел од големиот инвестициски циклус во изградба и унапредување на целокупната инфраструктура во државата.
Министерот ги потенцираше проектите за изградба и реконструкција на патната мрежа во Република Северна Македонија, исто така, Амбасадорот се запозна и со проектите кои во следниот период се утврдени во Програмата на Владата а се однесуваат на доизградба на железницата на Коридор 8, гасификацијата и проектите во комуналната сфера.
„ Денешната работна средба со Амбасадорот, ја искористив да го запознам со инфраструктурните проекти како дел од Владината програма 2020-2024 година, динамиката на реализација и нивното значење за регионот. Во разговорот посебен фокус ставив на железничката и патната инфраструктура. Упатив отворена покана до сите компании од Шпанија кои се заинтересирани да ја пријават на јавните повици за овие проекти”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Министерот Бочварски изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во понатамошниот период.