Министерот Бочварски на Првата годишна конференција "Економско заздравување и раст по Ковид"
07.09.2021
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска се обрати во рамки на Првата годишна конференција организирана од Министерството за финансии насловена "Економско заздравување и раст по Ковид."
Во продолжение интегралниот говор на министерот Бочварски.
„Со една реценица би дал вовед дека се уште живееме во ера на КОВИД-19. Периодот што помина зад нас исто така во време кона Ковид пандемијата беше во силен ек, беше вистински предизвик не само за нас, туку и за земјите од регионот.
Владите и државите воопшто се соочувавме со потешкотии во извршувањето на основните активности. Ние како Влада и како ресорно Министерство, преземавме серија активности за да го олесниме транспортот, а потоа да овозможиме и слободно движење на стоките.
Концептот за „зелени ленти- коридори“ промовиран во регионот на Западен Балкан за време на здравствената криза, како привремен брз одговор на тековната Ковид вонредна состојба стана пример за поефикасен и економичен систем за прекугранични активности меѓу земјите.
Иницијативата за зелени коридори во рамките на Западен Балкан, основана за спречување на недостаток на основните добра и медицинска опрема, се покажа како еден од најуспешните примери за регионалната соработка.
Нејзиното главно достигнување за зачувување на трговските текови во регионот, не само што имаше значителни економски придобивки, туку се покажа и непроценлива мерка во однос на решавање на итните потреби на населението во време на пандемија.
Гледајѓи нанапред, мора да пронајдеме начини како да ги ублажиме последиците од кризата, но и да предложиме оддржливи решенија за иднината. Едно од тие решенија е регионална трговска соработка преку слободното движење на стоки и услуги за да може навремено и ефикасно да се обезбеди испорака на стока онаму каде што се најпотребни.
Нашата Влада ја промовира регионалната соработка со посебно внимание на регионалниот и меѓународниот транспорт преку развој и модернизација на транспортната инфраструктура на земјите, заедно со индикативно проширување на основната и сеопфатна TEN-T мрежа што поминува низ земјата.
Договорите за заеднички гранични премин и едношалтерските услуги се чекор напред кон намалување на времето на чекање на граничните премини и подигнување на нивото на квалитет на транспортните услуги.
Морам да спомнам дека земјава има географската позиција како природна раскрсницата на Југоисточна Европа, и како важна транзитна рута за копнен сообраќај помеѓу Централна Европа, Јонско и Јадранско Море, Егејското Море, Црното Море и понатаму со Азија.
Тоа придонесе за развој на меѓународниот сообраќај на две транс национални оски: Север-Југ (Коридор X) и Исток-Запад (Коридор VIII).
Во наредниот период ќе започнеме со активностите за воведување зелена мобилност и логистика насочени кон еколошките перформанси на транспортниот сектор со специфични цели: да се развијат еколошките транспортни системи, да стимулираме модални промени и да ја зголемиме важноста на интермодалниот и мултимодалниот транспорт во националната транспортна политика.
Воспоставувањето сигурен и безбеден транспортен систем е исто така еден од нашите приоритети кој вклучува подобрување на безбедноста на патниот и железничкиот транспорт, воведување на ИТ технологии и имплементација на интелигентни транспортни системи (ИТС) во транспортниот сектор.“
Покрај министерот Бочварски, на дешената панел дискусија, свои обраќања имаа и вицепремиерот за економски прашања во Владата на Република Северна Македонија, Фатмир Битиќи, заменик претседателот на ЕБОР, Јурген Ригтеринк, заменик претседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова, министерот за економија, Крешник Бектеши, Јелисавета Георгиева, проектен менаџер при Сојузот на стопанските комори, претседателката на Сојуз на стопанските комори, Даниела Арсовска, менаџерот за Централна и Југоисточна Европа од IFC, Ари Наим и претседателот на Стопанската комора за северо-западна Македонија, Неби Хоџа.