Министерот Бочврски оствари работен состанок со германската амбасадорка
26.11.2020
Ве информираме дека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари онлајн работен состанок со амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Н.Е Анке Холнштјн.
На средбата министерот Бочварски ја информираше амбасадорката за капиталните проекти што се дел од големиот инвестициски циклус во изградба и унапредување на целокупната инфраструктура во државата.
Министерот ги потенцираше проектите за изградба и реконструкција на патната мрежа во Република Северна Македонија, исто така, амбасадорката се запозна и со проектите кои во следниот период се утврдени во Програмата на Владата а се однесуваат на доизградба на железницата на Коридор 8, гасификацијата и проектите во комуналната сфера.
„ Денешната работна средба со амбасадорката на Германија ја искористив да ја запознам со инфраструктурните проекти како дел од Владината програма 2020-2024 година, динамиката на реализација и нивното значење за регионот. Во разговорот посебен фокус ставив на железничката и патната инфраструктура.”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Министерот Бочварски изрази благодарност за досегашната поддршка како земја стратешки партнер на Република Северна Македонија.
Остануваме отворени за секаков вид на сорабoтка со Сојузна Република Германија и ќе продолжиме да ги унапредуваме односите меѓу двете земји, истакна министерот Бочварски.