Министерот Сугарески оствари средба со претставници од ССКМ
19.12.2019
На средбата министерот Сугарески го презентираше новиот предлог Закон за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти. Пред присутните претстаници од Градежната комори и од Комората на геодети тој потенцираше дека овој закон е во насока на решавање на бесправните градби и узурпација на просторот.
Според Сугарески преку нови законски решенија се очекува дека ќе се заштитат интересите на државата во делот на градежното земјиште.
Претседателот на Градежната комора на Македонија, Ивица Јаќимовски, истакна дека институциите и компаниите во секторот градежништво како во делот на високо градба, така и во делот на ниско градбата треба да работат заедно на подобрување на условите.
На средбата се разговараше и за подобрување на условите во градежниот сектор.