ОГЛАС за полагање на стручен испит за Проценувач од областа на недвижен имот
29.04.2022
Република Северна Македонија
Министерство за транспорт и врски
ОГЛАС
за полагање на стручен испит за проценувач од областа на недвижен имот
Согласно член 15 од Законот за процена (Службен весник на РСМ бр. 115/10, 158/11, 185/11, 64/12, 188/14, 104/2015, 153/15, 192/15, 30/16) се повикуваат сите кандидати со потврда за завршена почетна обука за проценувач на вредноста на недвижен имот согласно член 11 од Законот за процена кои имаат интерес за полагање на стручен испит заради проверка на потребното стручно знаење за проценувач од областа на недвижен имот, да поднесат Барање до архивата на Министерство за транспорт и врски или по пошта на адреса Министерство за транспорт и врски ул. „Црвена Скопска општина“ бр 4 Скопје.
Стручниот испит се состои од писмен и устен дел и се полага според програма, за полагање на стручниот испит и тоа:
- прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите, се полага писмено по електронски пат, со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер и студија на случај, со шест прашања кои кандидатот треба да ги одговори врз основа на анализата на дадената студија на случај и
- втор дел (практичен пример), устен дел на стручниот испит се состои од: практичен пример, односно изработка, анализа и одбрана на изработена процена од соодветната област пред комисија за полагање со кој се проверува практичната подготвеност на кандидатот.
Барањето треба да содржи:
Име и презиме на барателот и точна адреса на живеење, телефон за контакт и електронска пошта ( е-mail адреса),
уплатница образец ПП/50 за уплатени парични средстава за трошоци на полагање во износ од 24.000,оо денари односно 8.000,00 денари по пријавено лице за кандидати кои повеќе од 6 (шест) месеци не се во работен однос, кои се пријавуваат како активни баратели на работа,
назив на примач Министерство за транспорт и врски
Банка на примач НБРСМ Трезорска сметка 100000000063095
Сметка на буџетски корисник 1300100256631-16
приходна шифра и програма 724149-10
цел на дознака полагање на испит за проценувач на недвижен имот.
Стручен испит за проценувач може да полага лице кое ги исполнува следниве услови: - да е државјанин на Република Македонија, - да има живеалиште во Република Македонија, - да има високо образование (диплома со завршено четиригодишно високо, образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС)), - да има најмалку пет години работно искуство во соодветната област и - да има потврда за завршена почетна обука за проценувач
За точниот датум, време и место на полагањето кандидатите ќе бидат известени на емаил адреса најдоцна во рок од 8 дена пред одржување на испитот.
Краен рок за уплата на средствата за полагање на испитот е 05 Мај 2022 година.
Краен рок за поднесување на комплетирано барање е 13.Мај 2022 година.
Извeстувањето ќе биде објавено и на веб страна на Министерството за транспорт и врски.