Оглас за распределување на 37 социјални станови во општина Струмица
17.02.2020
Врз основа на Одлуката за распределба на социјални станови како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Северна Македонија (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.13/20), Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија
ОБЈАВУВА ОГЛАС
- за распределување на 37 социјални станови во општина Струмица во станбенa зградa на улица“Ѓорѓи Василев“ број на зграда 44 во Струмица изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Северна Македонија во општина Струмица, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија.