Оглас за распределба на социјални станови - Неготино
15.09.2023
Врз основа на Одлуката за распределба на социјални станови („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.37/22 и 38/22), Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија
ОБЈАВУВА ОГЛАС
за распределување на 62 социјални станови во општина Неготино во станбенa зградa на улицa „Едвард Кардељ“ бр.52 во Неготино изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија.
Сите детални информации за условите за аплицирање ќе може да се најдат на веб страната на министерството www.mtc.gov.mk и во Центарот за социјални работи во Неготино.