ПРЕЛИМИНАРНА РАСПРЕДЕЛБА НА АВТОБУСКИ ЛИНИИ ЗА 2021 ГОДИНА
11.11.2021
Ве информираме дека Mинистерството за транспорт и врски изврши прелиминарна распределба на автобуски линии за 2021 година. Вкупно 62 апликации беа поднесени за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии. Од нив 32 апликации беа за вршење на меѓуопштинскиот линиски превоз на патници и 30 апликации за меѓународен линиски превоз на патници.Врз основа на прелиминарната распределба:- За меѓуопштински линиски превоз на патници одобрени се 18 апликации и 14 се одбиени.- За меѓународен превоз на патници одобрени се 26 апликации, 1 апликација е делумно одобрена и 3 се одбиени.Сакаме да информираме дека распределбата на автобуски линии се врши врз основа на критериуми утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај и Правилникот за начинот, постапката и поблиските критериуми за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници и за формата и содржината на образецот на дозволата и на возниот ред.Во прилог се финалните листи од прелиминарната распределба на автобуските линии за меѓуопштински и меѓународен превоз на патници.