Покана за електронска јавна распределба на социјални станови во Демир Капија
30.03.2023
Ј А В Е Н П О В И К
Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за распределување на 16 социјални станови во општина Демир Капија во станбенaта зградa на улицa „11-ти Октомври“ бр. 35 во Демир Капија изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија, објавен од страна на Министерството за транспорт и врски во дневниот печат „Вечер“ и на првиот програмски сервис на „МРТВ“, дека на 03.04.2023 година (понеделник) во14.00 часотво просториите на Општина Демир Капија (во општинската сала), ќе се изврши јавна електронска распределба на социјалните станови.