Покана за електронска јавна распределба на социјални станови во Гевгелија
30.03.2023
Ј А В Е Н П О В И К
Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за распределување на 52 социјални станови во општина Гевгелија во станбенaта зградa на улицa „Ацо Шопов“ бр. 47 во Гевгелија изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија, објавен од страна на Министерството за транспорт и врски во дневните печати Слободен Печат и Вечер, дека на 03.04.2023 година (понеделник) во 11.00 часот во просториите на Народен театар во Гевгелија, ќе се изврши јавна електронска распределба на социјалните станови.