Република Северна Македонија


Министерство за
транспорт и врски

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Воздухопловство
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Односи со јавност
    • Покана до медиуми
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
    • Регистри
  • Формулари
    • Градежно земјиште - формулари
    • Патен сообраќај - формулари
    • Лиценци за градење и просторно и урбанистичко уредување
  • COVID-19
    • Информации поврзани со Ковид-19
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Постави прашање
    • Најчесто поставувани прашања
    • Постави прашање од областа Уредување на просторот
  • Јавни набавки
    • Годишен план за јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Известувања за склучени договори
    • Склучени договори
    • Известувања за реализирани договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручна и јавна расправа
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
  • Контакт
Потпишан Договорот за изградба на четири нови автопатски делници на Коридорите 8 и 10-Д
08.03.2023

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, а во присуство на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, првиот заменик претседател на Владата, Артан Груби и претставници на компаниите изведувач и надзор, Бехтел – Енка и ИРД Инженеринг, денеска го потпишаа Договорот за изградба на нови четири автопатски делници на Коридорите 8 и 10-Д, кој претставува историски проект, најголема инвестиција во патната инфраструктура во независна Македонија.

Во прилог целосното обраќање на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски:

„Почитувани присутни,

Денеска е уште еден историски момент каде го започнуваме најголемиот инфраструктурен проект за економски развој и просперитетна европска Македонија. 

Договорот што денеска го потпишавме со Изведувачот е прв чекор за изградба на модерна и квалитетна патна инфраструктура на Коридорите 8 и 10-Д.

Најпрво сакам да се заблагодарам на сите инволвирани во овој процес за несебичниот придонес, овој проект да стигне до оваа фаза на реализација.

Со проектот за доизгардба на автпатските делници на Коридор 8 и 10 д,   покажуваме дека инфраструктурата е најголем приоритет на оваа Влада и дека Република Северна Македонија останува на вистинскиот правец за модерна држава.

А на Северна Македонија и се потребни нови квалитетни патишта заради подденаков развој на сите региони, за посилна економија, за побрз транспорт на стока и услуги, за поквалитетни услови за живот за граѓаните. 

Коридорот 8 е од витално значење за целиот Западен Балкан и заради тоа имаме подршка и од нашите европски партнери во реализација на овој проект.

Договорот што денеска го поптишавме опфаќа изградба на четири автопатски делници со вкупна должина од приближно 110 километри ( 108) и тоа на Коридор 8 делниците: 

  • Тетово - Гостивар   - 17,5 километри
  • Гостивар - Букојчани - 30,3 километри
  • Требеништа - Струга - Ќафасан - 21,7 километри
  • a на Коридор 10-Д, делницата Прилеп - Битола - 39,3 километри

По денешното потпишување, планираме во втората половина на месец април изведувачот да биде воведен во работа, освен за делницата Требениште - Струга – Ќафасан која очекуваме да започне крајот на оваа година од причина што потребно е да се оптимизира трасата односно да се најде нова траса.

Според предложениот динамички план, рокот за изградба е до 2027 година или подетално:

за Тетово-Гостивар - рок од 33 месеци

за Гостивар - Букојчани – рок од 57 месеци

за Требеништа -Струга  - Ќафасан  – рок од 49 месеци

и делницата Прилеп -Битола – 57 месеци

Пред потпишување на овој договор, веќе информиравме дека се водеа преговори меѓу стручни тимови на Консултантот и Изведувачот кој беше избран од државата.

Цените се потркепени врз основа на физибилити студијата изготвена од Градежниот факултет и ревидирана од страна на консултанската компанија Гранд Тортон.

Договорот со Изведувачот е изготвен согласно принципот на ФИДИК договорите а тоа е принципот на измерени количини. Тоа подразбира дека плаќањата ќе се вршат според реализираните работи на терен и на тој начин ќе се има целосна транспрантност на извршените работи и потрошените средства.

Се со цел да ја забрзаме изградбата на Коридорите, од страна на изведувачот ќе биде применет принципот на “проектирање и изградба” а тоа подразбира дека со Договорот, на изведувачот му се дава обврската сам или преку домашни проектански фирми и компании истовремено да проектира и да гради.

Би сакал да спомнам и тоа дека во буџетот на министерството за транспорт и врски за оваа година веќе се предвидени 15 милијарди денари или 244 милиони евра. 

Со изградбата на околу 110 километри нови автопатски делници на Коридор 8 и Коридор 10 д,  даваме дополнителен стимул во домашната економија и  градежништвото.

Исто така веруваме дека Изведувачот како реномирана градежна компанија ќе понуди и нови методи и техники во изградбата кои во иднина би биле прифатливи и за домашните компании.

Очекувам добро менаџирање на процесите и со заеднички сили да продолжиме во развој на патната инфраструктура во државата.

Ни претстојат многу предизвици на терен, но очекувам сите максимално да се вложиме и да ги постигнеме зацртаните цели на државата, а тоа е развојна модерна и квалитетна патна мрежа.  

Ви благодарам.“



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Twitter

Youtube