Потпишани договори за изградба на нов далновод кон Албанија
07.02.2020
АД МЕПСО денеска поптиша договор за изгрaдба на нов 400 киловолтен далекувод што ќе ги поврзува електропреносните системи на Република Северна Македонија и на Република Албанија како и договор за изгардба на нова 400/100 киловолтна трансформаторска станица во близина на Охрид, инвестиција од 35 милиони евра. На потпишувањето се обрати и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Во прилог интегралниот текст од обраќањето на министерот:
"Реализацијата на капиталните инвестиции во електропреносниот систем на Република Северна Македонија е од курцијално знашење за стабилен енергетски систем, а со тоа и стимулирање на целокупниот економски раст на земјата.
Нашата држава има клучна улога во регионалното енергетско поврзување и оттука оваа инвестиција е од огромно значење не само за нас, туку и за цел регион.
Фактот што со оваа инвестиција за прв пат ќе го поврземе нашиот преносен систем со Албанија ја потврдува стратешката заложба за стабилен енергетски систем, додека со изградбата на новата трансформаторска станица кај Охрид ќе се надминат проблемите во југо-западниот дел од преносната мрежа.
Ова е порака до сите домашни и странски инвеститори, сегашни и идни, дека создаваме одлични услови за работа и потврда на тоа дека сите потреби на електирчна енергија ќе бидат задоволени.
Во меѓувреме активно се работи на изградба на нов далекувод од Штип до Пробиштип, во следна фаза ќе се градат нови 110 км далекуводи, така да старите далекуводи ќе ги замениме со нови за да обезбедиме квалитетна мрежа која ќе трае со децении.
Министерството за транспорт и врски како акционер активно учествува и го поддржува АД МЕПСО во сите активности за модернизација и обновување на мрежата.
Во оваа прилика им се заблагодарувам на нашите партнери на Европската банка за обнова и развој за континуираната поддршка што ни ја овозможуваат за стратешките инвестици во земјава.
На крај, наша примарна цел е граѓаните и компаниите да добијат квалитетно и сигурно снабдување со електрична енергија", изјави министерот Сугарески.
АД МЕПСО договроите ги склучи со „Енергоинвест“ од Република Босна и Херцеговина и со „Кончар“ од Република Хрватска. На потпишувањето присуствуваа претседателот на Владата, Оливер Спасовски, вицепремиерката задолжена за координација со економските ресори, Мила Царовска, генералната директорка на МЕПСО, Ева Шуклева и директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси.