Прелиминарна јавна електронска распределба на социјалните станови во Неготино
06.11.2023
Ј А В Е Н П О В И К
Се известуваат сите заинтересирани граѓани кои конкурирале на Огласот за распределување на 62 социјални станови во општина Неготино во станбенaта зградa на улицa „Едвард Кардељ“ бр. 52 во Неготино изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија, објавен од страна на Министерството за транспорт и врски во дневниот весник „Слободен печат“ и на првиот програмски сервис на „МРТВ“, дека на 08.11.2023 година (среда) во10,30 часотво просториите на Хотел Парк во Неготино (во хотелската сала), ќе се изврши јавна електронска распределба на социјалните станови.