Прелиминарна распределба на автобуски линии за 2019 година
18.10.2019
Ве информираме дека министерството за транспорт и врски изврши прелиминарна распределба на автобуски линии за 2019 година.
Вкупно 136 апликации беа поднесени за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај. Од нив 45 апликации беа за вршење на меѓуопштинскиот превоз на патници и 91 апликации за меѓународен превоз на патници.
Врз основа на прелиминарната распределба:
- За меѓуопштински превоз на патници одобрени се 13 апликации, 3 апликација е делумно одобрена а 29 се одбиени.
- За меѓународен превоз на патници одобрени се 56 апликации, 14 апликации се делумно одобрени и 21 се одбиени.
Сакаме да информираме дека распределбата на автобуски линии се врши врз основа на критериуми утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај и Правилникот за начинот, постапката и поблиските критериуми за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници и за формата и содржината на образецот на дозволата и на возниот ред.
Во прилог се финалните листи од прелиминарната распределба на автобуските линии за меѓуопштински и меѓународен превоз на патници.