Прелиминарна распределба на автобуски линии за 2020 година
08.03.2021
Ве информираме дека Mинистерството за транспорт и врски изврши прелиминарна распределба на автобуски линии за 2020 година.
Вкупно 140 апликации беа поднесени за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај. Од нив 41 апликации беа за вршење на меѓуопштинскиот превоз на патници и 99 апликации за меѓународен превоз на патници.
Врз основа на прелиминарната распределба:
- За меѓуопштински превоз на патници одобрени се 16 апликации и 25 се одбиени.
- За меѓународен превоз на патници одобрени се 67 апликации, 10 апликации се делумно одобрени и 22 се одбиени.
Ве информираме дека распределбата на автобуски линии се врши врз основа на критериуми утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај и Правилникот за начинот, постапката и поблиските критериуми за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници и за формата и содржината на образецот на дозволата и на возниот ред.
Во прилог се финалните листи од прелиминарната распределба на автобуските линии за меѓуопштински и меѓународен превоз на патници.