Прелиминарна распределба на автобуски линии за 2022 година
27.09.2022
Ве информираме дека Mинистерството за транспорт и врски изврши прелиминарна распределба на автобуски линии за 2022 година.
Вкупно 117 апликации беа поднесени за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај. Од нив 21 апликации беа за вршење на меѓуопштинскиот линиски превоз на патници и 96 апликации за меѓународен линиски превоз на патници.
Врз основа на прелиминарната распределба:
- За меѓуопштински линиски превоз на патници одобрени се 8 апликации, 2 апликации се делумно одобрени и 11 се одбиени.
- За меѓународен линиски превоз на патници одобрени се 59 апликации, 2 апликации се делумно одобрени и 35 се одбиени.
Ве информираме дека распределбата на автобуски линии се врши врз основа на критериуми утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај и Правилникот за начинот, постапката и поблиските критериуми за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници и за формата и содржината на образецот на дозволата и на возниот ред.
Во прилог се финалните листи од прелиминарната распределба на автобуските линии за меѓуопштински и меѓународен линиски превоз на патници.