Прелиминарна распределба на автобуски линии за 2023 година
29.11.2023
Ве информираме дека Mинистерството за транспорт и врски изврши прелиминарна распределба на автобуски линии за 2023 година.
Вкупно 136 апликации беа поднесени за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај. Од нив 32 апликации беа за вршење на меѓуопштинскиот линиски превоз на патници и 104 апликации за меѓународен линиски превоз на патници.
Врз основа на прелиминарната распределба:
- За меѓуопштински линиски превоз на патници одобрени се 11 апликации, 1 апликација е делумно одобрена и 20 се одбиени.
- За меѓународен линиски превоз на патници одобрени се 63 апликации, 4 апликации се делумно одобрени и 37 се одбиени.
Ве информираме дека распределбата на автобуски линии се врши врз основа на критериуми утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај и Правилникот за начинот, постапката и поблиските критериуми за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници и за формата и содржината на образецот на дозволата и на возниот ред.
Во прилог се финалните листи од прелиминарната распределба на автобуските линии за меѓуопштински и меѓународен линиски превоз на патници.