Министерот за транспорт и врски денеска на прес – конференција ги образложи постапките кои што ги водеше Министерството за транспорт и врски, општината Охрид и Управниот суд, а кои се однесуваат на изградба на објект во Лагадин, во општина Охрид.
Во прилог интегралното обраќање на министерот Бочварски:
„Почитувани медиуми,
Во однос на прозивките на општина Охрид за потврдување на одобрение за градење за објект во Лагадин, сакам детално да ги појаснам постапките што ги водеше Општината, Министерството за транспорт и врски и Управен Суд.
Сакам да потенцирам уште еднаш дека Министерството за транспорт и врски не го потврди одобрението за градење, туку постапувавме исклучиво по само еден основ од тоа одобрение кој беше оспорен, бидејќи споменатиот објект е од втора категорија и е во директна надлежност на општината.
Ви благодарам.“