Сакам да информирам дека на последната седница на Владата, беше изгласан Предлог на законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.
Имено ова е сосема нов Закон а целта на донесување на овој закон е да се обидеме да ставиме крај со изградба на бесправни градби и узурпација на просторот.
На тој начин преку нови законски решенија очекуваме дека ќе ги заштитиме интересите на државата во делот на градежното земјиште.
Со предлог на Законот:
- копија од лична карта или уверение за државјанство за физичко лице
- доказ за приклучок на бесправниот објект на водоводна или електроенергетска инфраструктура или сметки за вода или струја,
- доколку објектот нема инфраструктурни приклучоци потребно е да се достави изјава заверена кај нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди кога бил изграден објектот
- геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект.
Ова генерално се новите законски одредби според со кои ќе се водат постапките за легалзаиција. Предлог законот е веќе достсавен во Собраните и очекувам да почнеме да се разгледува на матичните комисии.