Реџепи: Почнуваме со реконструкција на локалниот пат P2133 во Липково
16.12.2022
Ве информираме дека Заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи денеска беше во работна посета на општина Липково, каде со Градоначалникот на општината, Еркан Арифи го потпишаа договорот за реконструкција и рехабилитацијата на локалниот пат P2133 до мост на Липковско езеро. Средствата за проектот се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, преку Проектот за „Поврзување на локални патишта во општините“ односно, санација на локалните улици и патишта во општините. Според проектот вкупната должина на трасата е 3.5км. За овој проект инвестираме средства во висина од 54 милиони денари и рокот на траење на реконструкцијата е 11 месеци.
„ Денеска сме присутни во Општина Липково да посветиме посебно внимание на проектот на рехабилитацијата и реконструкцијата на локалниот пат P2133 до мост на Липковско езеро. Според проектот вкупната должина на трасата е 3.5км. За овој проект инвестираме средства во висина од 54 милиони денари и рокот на траење на реконсткуцијата е 11 месеци. Нашите заложби за подигнување на квалитетот на живот во секоја општина се видливи на терен и се потврдуваат со бројните проекти што досега ги реализиравме и тие што ги работиме во моментов насекаде низ државата. Ги уверувам граѓаните дека поддршката на локалните самоуправи нема да застане тука. Министерството за транспорт и врски и во следниот период ќе продолжи да биде активен партнер на локалните самоуправи. “ – изјави заменик министерот Реџепи. Градоначалникот на општина Липково Еркан Арифи додаде дека реконструкцијата на овој пат е долгогодишно барање на жителите, што ќе влијае и на растот на планинскиот туризам и ќе помогне за економскиот раст.