Реџепи: Размената на искуствата во областа на сообраќајот, транспортот и логистиката се добредојдени
28.09.2023
Заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи денеска учествуваше на меѓународниот симпозиум „Интердисциплинарност на логистиката и сообраќајот“ во организација на автосообраќајниот училишен центар „Боро Петрушевски“ во Скопје.
Заменик министерот Реџепи при поздравниот говор истакна дека ваквите симпозиуми се важни и се добредојдени бидејќи помагаат во размената на искуства во областа на сообраќајот, транспортот и логистиката.
Политиката на Министерството за транспорт и врски е да донесе мерки за одржлив развој во транспортот, за ефикасен систем на транспорт и логистика, што е предуслов за економски раст, социјална благосостојба и намалување на сиромаштијата, рече Реџепи.
Република Северна Македонија, како земја кандидат за Европската Унија, која води преговори со ЕУ, го прилагодува законодавството на ЕУ.
Воведуваме Интелигентен транспортен систем на Коридорот 10, кој е од витално значење за зголемување на безбедноста и справување со проблемите поврзани со штетните емисии, односно издувните гасови од возилата и сообраќајниот метеж и ќе придонесе за поефикасен и поодржлив транспорт.
Министерството за транспорт и врски веќе го подготви Законот за Агенцијата за безбедност на патиштата, кој е во склад со другите институции и во најкраток можен рок ќе биде доставен до Владата на одобрување и натамошна законска процедура, заклучи заменик министерот Реџепи.