Реџепи од Приштина: преку модерна инфрструктура ја исполнуваме визијата за европски и просперитетни држави
11.07.2023
Заменик министерот за Транспорт и врски Беким Реџепи денеска престојуваше во официјална посета на Приштина, Република Косово каде се обрати по повод отворањето на Меѓународната академија на Факултетот за градежништво и инфраструктурно инженерство.
Во своето обраќање тој ја изрази одличната соработка помеѓу двете земји во различни области, посебно ја потенцираше значајноста на градежништвото како многу важна гранка што создава трајни вредности во едно општество и ја игра улогата на мост меѓу две региони.
“Нашите земји се на европскиот пат, пат исполнет со многу предизвици за нас како политичари, но и за вас како експерти. Верувам дека имаме заедничка визија за европски и просперитетни држави, со модерна и квалитетна инфраструктура, но таа визија е невозможна без ваша соработка и поддршка. Затоа Градежните факултети ги гледаме како партнери во спроведувањето на нашите политики, во остварувањето на новите технолошки достигнувања, како и во креирањето на економски раст за нашите земји.” – истакна Реџепи
Република Косово и Република Северна Македонија имаат одлични политички и економски односи, а за тоа говори и фактот што имаме голем број заеднички регионални стратешки проекти. Нашите политики имаат јасна цел, создавање квалитетна патна мрежа, подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани и забрзување на растот и економскиот развој на нашите земји. – рече во своето обраќање заменикот Реџепи.