Министерот Благој Бочварски, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, потпретседателот на Владата, Фатмир Битижи, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, како и директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, Костадин Ацевски извршија увид во рехабилитација на патниот правец кон Лесновскиот Манастир.
Инвестицијата е 25 милиони денари и ќе се изврши комлетна рехабилитација во должина од 3,5 километри.
Во продолжение интегралното обраќање на министерот Бочварски.
„Министерството за транспорт и врски и Јавните претпријатија за патишта продолжуваме во исполнување на својата агенда, а тоа е изградба и модернизација на патната мрежа низ целата држава.
Инфраструктурните проекти се реализраат со добра динамика и покрај предизвиците со кои се соочуваме поради светската економска криза.
Денеска сме покрај прекрасниот Лесновски манастир, каде извршивме увид во рехабилитацијата на патниот правец Пробиштип - Лесново во должина од 3,5 километри.
Оваа делница се рехабилитира после повеќе децении, за што се инвестира повеке од 21 милион денари.
Придобивките од реконструкцијата на овој патен првец се повеќекратни. Покрај жителите на општина Пробиштип и околните места, подобра комуникација и побезбеден сообраќај се овозможува и за бројните туристи кои го посетуваат Лесновскиот манастир.
Постоечкиот пат е проширен а во следните денови ќе следат интензивни асфалтерските активности.
Во овие неколку години вложуваме сериозни средства во модернизација и подигнување на безбедноста на сите патни правци и отстранување на црните точки што може конкретно да се види низ целиот Источен регион.
Минатата година целосно го реконструиравме регионалниот пат Пробиштип – Крупиште, кој директно се поврзува на новиот експресен пат Штип – Кочани и кој претставува клучна врска на граѓаните од општина Пробиштип кон Штип и главниот град.
Оваа година очекуваме да ја пуштиме во употреба и втората делница од Крупиште до Кочани, со што ќе добиеме уште една нова, модерна и безбедна патна врска во источниот дел од земјата.
Се гради насекаде во државата.
Би сакал да спомнам дека преку Министерството за транспорт и врски за ошптина Пробиштип на располагање имаме ставено преку 680 илјади евра за реконстрикција на локални улици и заедно со градоначалникот работиме на комплетирање на документацијата за улиците „Македонски револуционери“, „Христијан Карпош“ и „3-ти Април“.
Исто така за подобрување на условите за живвење, до крај на овој месец ќе отпочнеме постапка за доизградба на дел од систем за водоснабдување на населеното место Турско Рудари во вредност од 5 милиони денари како и изградба на атмосферска канализација на ул. Македонски револуционери во вредност од 4.4 милиони денари.
Министерството за транспорт и врски е силно посветено во обезбедувањето континуитет на сите инфраструктурни проекти. Покрај патиштата, железницата и гасификацијата остануваат приоритетни проекти, така што продолжуваме со силниот инвестициски циклус во изградба на капиталните проекти.“ - се обрати министерот Бочварски.