СООПШТЕНИЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ
30.11.2021
Согласно Закон за превоз во патниот сообраќај и Закон за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, Министертвото за транспорт и врски закажува датуми за електронско полагање на:
Испитoт за добивање сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај кој ќе се одржи на 02.12.2021 година од 08:30/17:20 часот, на 03.12.2021 година од 08:30/17:20 часот, на 06.12.2021 година од 08:30/17:20 часот, на 14.12.2021 година од 08:30/17:20 часот, на 15.12.2021 година од 08:30/17:20 часот и на 27.12.2021 година од 08:30/17:20 часот.
Испитoт за добивање сертификат за професионална компетентност на управителот ќе се одржи на 10.12.2021 година од 08:30/17:20 часот и на 13.12.2021 година од 08:30/17:20 часот.
Испитoт за добивање сертификат за стручно оспособување на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи во патниот сообраќај ќе се одржи на 07.12.2021 година од 08:30/17:20 часот, на 09.12.2021 година од 08:30/17:20 часот и на 16.12.2021 година од 08:30/17:20 часот и на 17.12.2021 година од 08:30/17:20 часот.
Испитот за добивање сертификат за советник за безбедност при превоз на опасни материи ќе се одржи на на 17. 12.2021 година од 08:30/17:20 часот.
Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава на кандидатот до архивата на Mинистерството за транспорт и врски, и тоа за првите два испита најдоцна пет дена, а за испитот за возачи и советници за превоз на опасни материи најдоцна три работни дена пред датумот на кој е закажан испитот, а потоа Mинистерството за транспорт и врски електронски го пријавува кандидатот во електронскиот систем за полагање.
Електронските испити ќе се одржуваат во просторија специјално опремена за оваа намена која се наоѓа на “Европски универзитет“– Скопје.
Заинтересираните кандидати можат да извршат увид во базата на прашања за електронскиот испит на следниот линк: http://prasanja.mk.