Симулација „Енергетски самит“: Министерството за транспорт и врски со конкретни мерки за заштита на животната средина
29.03.2022
Во организација на фондацијата Фридрих Еберт во просториите на Универзитетот Гоце Делчев во Штип се одржа симулација на Енергетски самит, со учество на Претседателот на Владата и учество на економските ресори на Владата.
На оваа симулација присуствуваше и претставник од Министерството за транспорт и врски кој во своето излагање ги образложи мерките и проектите што ги реализира Министерството во насока на заштита на животна средина и во процесот на декарбонизација.
„Клучно за ефикасна енергетска транзиција е квалитетната инфраструктура. Министерството за транспорт и врски преку голем број проекти ја гради, модернизира и подобрува патната и железничката инфраструктура во земјата. Вложуваме преку 1 милијарда евра во изградба на патната мрежа и преку 620 милиони евра за изградба на железничката мрежа. Исто така, високо на нашата агенда е и гасификацијата, како начин да се замени енергијата од фосилните горива и која ќе придонесе за значително намалување на аерозагадувањето.“ – изјави Братољуб Шурлановиќ, службеник за млади при Министерството за транспорт и врски.
Министерството за транспорт и врски дава поддршка на ваквите проекти и настани кои имаат за цел подигнување на свеста кај младите за нивното учество во креирањето на развојни политики.