Соопштение до сите превозници кои вршат меѓународен превоз на патници и стока во и од Швајцарија
17.07.2019
Почитувани
Во прилог интегрално Ви го пренесуваме писмото од Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија:
Амбасадата на Швајцарија го изразува своето почитување кон Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и во врска со зголемениот број на барања од компании за транспорт од Република Северна Македонија, во врска со превоз на стока и лица, има чест да Ве информира за следново:
Во согласност со важечките одредби, на возачите од Република Северна Македонија кои превезуваат стока и лица (превоз на нередовна основа) не им треба работна дозвола (освен за возачите на редовни автобуски линии, за кои е потребна работна дозвола). Меѓутоа, меѓународниот превоз до и/или од Швајцарија на патници (автобуски линии за редовни услуги, повремени туристички транспортни услуги, железнички транспорт) и на стока со камион или воз, се смета за платено вработување во Швајцарија. Според тоа, возачите треба да добијат виза уште од првиот ден. Ова се однесува на возачи кои се самовработени во Република Северна Македонија или распоредени од компанија од Република Северна Македонија или друга земја која не е членка на ЕУ/ЕФТА.
Ве молиме, имајте предвид дека меѓународниот превоз на патници или стока кој само транзитира преку Швајцарија не се смета за платена работа. Освен тоа, барањето за виза не важи за лица кои имаат долготрајна дозвола за престој издадена од земја од Шенген зоната или важечка виза од тип C или D.
Возачите имаат обврска самите однапред да се информираат за условите за влез во земјата, за што треба да ги контактираат надлежните швајцарски органи.
Барањата за виза треба да бидат поднесени до Регионалниот конзуларен центар во Приштина. Барателите мора да ја поднесат нивната апликација за виза лично во компанијата TLScontact на следнава адреса:
TLScontact, Ahmet Krasniqi, Object C1-1, No. 145, ground floor, Arberia/Dragodan.