Согласно Закон за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, Министертвото за транспорт и врски закажува датуми за електронско полагање на:
Испитoт за добивање сертификат за обучувачи за стручно оспособување на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи во патниот сообраќај кој ќе се одржи на 29.03.2022 година од 08:30-10:00 часот
Испитот за добивање сертификат за обучувачи за советник за безбедност при превоз на опасни материи кој ќе се одржи на на 08.04.2022 година од 08:30-10:00 часот.
Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава на кандидатот до архивата на Mинистерството за транспорт и врски три работни дена пред датумот на кој е закажан испитот, а потоа Mинистерството за транспорт и врски електронски го пријавува кандидатот во електронскиот систем за полагање.
Електронските испити ќе се одржуваат во просторија специјално опремена за оваа намена која се наоѓа на “Европски универзитет“– Скопје.
Заинтересираните кандидати можат да извршат увид во базата на прашања за електронскиот испит на следниот линк: http://prasanja.mk.