Соопштение за полагање за стручен испит од областа на урбанистичкото планирање
05.06.2024
Министерството за транспорт и врски во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери Ве известува дека во четврток на 20.06.2024 година со почеток во 10 часот во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери ќе се одржи стручен испит од областа на урбанистичкото планирање - јунска испитна сесија за стекнување на овластување за изработување на урбанистички планови. Испитните сесии за полагање на стручен испит од областа на урбанистичкото планирање се одржуваат по правило во последната недела од месеците февруари, јуни и октомври.
Кандидатот кој ги исполнува условите согласно законските и подзаконските акти од областа на урбанистичкото планирање поднесува Барање за полагање стручен испит од областа на урбанистичко планирање во електронска форма до Комората на овластени архитекти и овластени инженери на електронската адреса:ispiturbanizam@komoraoai.mkсогласно Правилникот за начинот за спроведување на стручниот испит (Сл.Весник на РСМ БР.219/22) и Упатството за работа на комисијата за полагање на стручен испит. Доставата на апликации на кандидатите се врши најдоцна до 10.06.2024 година.