Средба на министерот Бочварски со амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада
12.02.2021
Ве информираме дека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Северна Македонија, Хиронори Савада.
На средбата министерот Бочварски го информираше Амбасадорот за капиталните проекти што се дел од големиот инвестициски циклус во изградба и унапредување на целокупната инфраструктура во државата.
Министерот ги потенцираше проектите за изградба и реконструкција на патната мрежа во Република Северна Македонија, исто така, Амбасадорот се запозна и со проектите кои во следниот период се утврдени во Програмата на Владата а се однесуваат на доизградба на железницата на Коридор 8 како и гасификацијата
„Средбата со амбасадорот Савада, ја искористив да го запознам со инфраструктурните проекти kкои се дел од Владината програма, динамиката на реализација и нивното значење за регионот. Во разговорот посебен фокус ставив на железничката и патната инфраструктура. На средбата разговаравме и за начините на справување на Ковид кризата”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Министерот Бочварски изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во понатамошниот период.