Средба на министерот Бочварски со Ева Елерајт, директор на фондацијата Фридрих Еберт
03.11.2020
Mинистерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оствари работна средба со директорката на Фондацијата Фридрих Еберт, Ева Елерајт на која се разговараше за можностите за соработка и промоција на позитивните вредности, одржливи политики и примери кои покажуваат дека градиме нови можности за идните генерации.
На средбата министерот Бочварски ги презентира проектитете што ги реализира Министерството за транспорт и врски во областа на транспортот, патната и железничката инфраструктура, на која ние како Министерство интензивно работиме со цел поврзување на регионот, со што ќе го подигнеме потенцијалот за економски развој.
Фондацијата Фридрих Еберт е наш партнер во промовирање на прогресивни политики за одржлив развој и веруваме дека нашата идна соработка ќе даде голем придонес во ЕУ интеграциските процеси, но и во изградба на модерна европска инфраструктура која ќе овозможи безбеден сообраќај за сите граѓани, истакна министерот Бочварски.