Сугарески: Инвестираме преку 140 милиони евра во Пелагонскиот регион во изградба на патишта, гасоводoт и водоводи
14.10.2019
Капиталните инвестиции во Пелагонскиот регион се приоритет број еден. Само во ресорот транспорт реализираме педесетина проекти или инвестиции од 146 милион евра. Завршивме со рехабилитација на петнаесетина регионални патишта, шест проекти за водоводи и канализации, а ја изградивме и пругата од Битола до Кременица, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при денешната посета во општина Битола.
Тој заедно со градоначалникот на општина Битола, Наташа Петровска, градоначалникот на општина Могила, Јасмина Гулевска и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, извршија увид во реконструкција на регионалниот пат Битола-Тополчани-Прилеп.
Министерот Сугареси потенцираше дека примарен фокус на Владата на Северна Република Македонија е подобрување на животот на граѓаните и подобрување на економијата во целина преку изградба и реконструкција на патната мрежа низ државата, гасификација на земјата, изградба на комуналната и желеничката инфраструктура.
“Денеска вршиме увид во изградба на капитални проекти што се реализираат во Пелгонскиот регион. Еден од нив е и рехабилитација на регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола, инвестиција од речиси еден милион евра. Само во Пелагонија работиме на педесетина проекти и тоа: изградба на магистралниот гасовод од Неготино преку Прилеп до Битола, првата фаза од експресниот пат Градско-Дреново. Оваа недела отпочнуваме со реконструкција на постоечката делница од Фариш до Дреново и тука најавувам ќе се работи со многу силно темпо, започнавме со проектирање за изградба на експресен пат Битола-Меџитлија, ќе се рехабилитираат патишта и во Крушево, Ресен и Прилеп, во тек е проектирање за истите и уште многу други со кои ќе го подобриме животот на граѓаните”, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.
Реконструкцијата на регионалниот пат Битола-Тополчани-Прилеп е во должина од 15 километри, инвестиција од 960 илјади евра, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта. Според директорот Китанов во наредниот период следи силен инвестициски цилкус во патната инфраструктура.
“Овој пат е прв од тртиот пакет патишта кои се вкупно 13 и кои на секои два дена ќе се воведуваат во работа во цела држава а се со вкупна должина од 100 километри. Она што е важно за Битола и регионот е изградбата на експресниот пат до Маџитлија и обиколница кој во моментов се проектира а исто така на Градежен факултет се наоѓа и проектот за изградба на автопат од Битола до Прилеп. Во тек е и тендер за заштитаната ограда на обиколница, така да ЈП за државни патишта ги соборува сите рекорди во изградба и реконструкција на преку 500 километри патишта”, изјави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.
Капиталните проекти се од огромно значање за Пелагонија бидејќи ќе го засилат економскиот развој на регионот, истакнаа градоначалниците на општините Битола и Могила.
“Подобрена е конекцијата од Битола кон Демир Хисар и кон Новаци. Денеска започнува санација на патот кон Могила. Сакам да спомнам дека санирани се патиштата кон Братин дол и Драгош. Ова потврдува колку се работи со зголемен интензитет за разлика од претходно. За нас е многу важна изградбата на експресниот пат до Меџитлија која е најавена за следната година, изјави Наташа Петреска, градоначалник на општина Битола.
“Рехибилитацијата на патот Битола-Тополчани-Прилеп е од огромно значење за 6 општини и 22 илјaди жители на општина Могила. Со него значително ќе се подобри руралното живеење”, изјави Јасмина Гулевска, градоначалник на општина Могила.